Државната изборна комисија на Црна Гора ги објави резултатите од парламентарните избори врз основа на 100 проценти од обработениот примерок, според кои Демократската партија на социјалистите освои 35,06 проценти, или 143.548 гласови, а коалицијата „За иднината на Црна Гора“ 32,55 проценти (133.267), пишуваат „Вијести“.

Коалицијата Мирот е наша нација освои 12,53 проценти (51.229), Црно на бело 5,53 (22.649), социјалдемократите 4,10 (16.769), Бошњачката партија 3,98 (16.226), СДП – Силна Црна Гора 3,14 (12.839), Албанската листа 1,58 (6.488) и албанската коалиција „Едногласно“ 1,14% (4.675)

Хрватската граѓанска иницијатива освои 0,27 (1.115), а Хрватската партија за реформи 0,13 отсто, или 532 гласови, и тие не го поминаа цензусот.


Напишете коментар