Често се споменуваше поврзувања на Самсоненко со поранешни функционери на власта . Дури по долг период шпекулации тој конечно се повлече . Но дали заслужува еден клуб како што е Вардар да биде дел од овие игри !?

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар, кој одигра доминантна сезона и беше лидер во прекинатата ПМФЛ, повторно остана без право на учество на европска сцена.

Одделот за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека Комисијата за лиценцирање на состаноците одржани на 3, 11 и 16 јуни, како и Комисијата за жалби за лиценцирање на состанокот одржан на 18 јуни, а по комплетирањето на процесот на лиценцирање на клубови за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2020/21, ги донесе следниве одлуки:

Комисиите донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Академија Пандев АД – Струмица
2.  ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
3.  ФК Работнички АД – Скопје
4.  ФК Ренова АД – село Џепчиште
5.  ФК Силекс АД – Кратово
6.  ФК Шкендија АД – Тетово
7.  ФК Шкупи 1927 АД – Скопје

Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Брегалница 2008 АД – Штип
2.  ФК Борец 1919 АД – Велес
3.  ФК Вардар АД – Скопје
4.  ФК Струга Трим Љум АД – Струга

Во периодот кој следува, ФФМ ќе треба дополнително да објави кои екипи ќе ја претставуваа Македонија на европските шампионати. Засега не е познато дали изборот ќе падне согласно пласманот на табелата, или пак според коефициентите што ги имаат нашите екипи од претходните настапи во ЛШ и ЛЕ.

Процесот за лиценцирање на клубовите од ЖМФЛ за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 сè уште е во тек.


Напишете коментар