Палтроу објавила фотографија на која што се гледа како стратешки позира во својата поранешна градина.

Во текот на викендот Гвинет Палтроу одлучила да го прослави својот 48-ми роденден на вообичаен начин, со објавување на гола фотографија на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа добила многубројни коментари, а во описот на фотографијата напишала:

„Во ништо друго освен во моето роденденско одело денеска…“.

„Многу ви благодарам за роденденските желби и на коментарите на мојата фотографија“ – се заблагодарила таа.