Многумина за него велат дека е арогантен, самобендисан, но Ибрахимовиќ на моменти покажува дека е вистински другар. Имено, италијанските медиуми пишуваат дека Швеѓанецот одлучил да им купи подарок на сите соиграчи од тимот на Милан. Ги изненадил со Плејстејшен, најновиот модел, кој штотуку излегол од продажба, а соиграчите се израдувале како мали деца. Доволно говорат реакциите на социјалните мрежи.