Навивачите на Вардар поставија транспаренти пред Владата, градот Скопје и тренинг кампот на клубот.

Навивачите на Вардар, „Комитите“ со герила акција ја започнаа борбата за спас на „црвено-црните“. На удар на верните навивачи на Вардар се најдоа Владата, градот Скопје, ПУИГ и тренинг кампот на „црвено-црните“.

фото: фејсбук/Комити Скопје

Навивачите поставија транспаренти со кои побараа актуелното раководство кое сè уште молчи, да даде отчет за состојбата со Вардар но и од институциите да реагираат и да го спасат најтрофејниот фудбалски колектив.

„На повеќе локации низ градот денес беа поставени пароли во врска со ситуацијата во која се наоѓа нашиот ФК Вардар.

фото: фејсбук/Комити Скопје

Пред се односот на луѓето задолжени за безбедноста на објектите од јавен карактер (Собрание на град Скопје, ПУИГ, Влада на Р.Македонија), беше коректен и професионален. Нашата цел не беше ниту ќе биде нив да ги ставаме во непријатни ситуации, туку едноставно да го актуелизираме прашањето за ФК Вардар, кое веќе неколку години виси во воздухот и сеуште нема цврста гаранција дека ситуацијата ќе се среди.