Наполи вечерва го пречекува Милан во обид со победа да се израмни бодовно со актуелниот лидер во Серија А.

Според најавите во италијанските медиуми, Гатузо ја подготвува својата омилена формација 4-3-3, а во составот од првата минута ќе биде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Според „Газета Дело Спорт“, Елмас е во добра форма, нема последици од повредата која ја доби при мечот од Лигата на нации прортив Естонија  во Скопје и ќе биде стартер во тимот на Гатузо каде што се враќа и Бакајоко.