Принцот Чарлс намерно ја изостави Меган Маркл од објавите на социјалните мрежи каде тој му го честиташе роденденот на својот внук Арчи, тврдат експертите.

Мајката Меган Маркл не беше на фотографијата што беше споделена на налозите на принцот Чарлс на Инстаграм и Твитер додека му го честиташе на неговиот внук вториот роденден.

Експертот тврди дека роденденската порака на принцот Чарлс за неговиот внук Арчи можел да биде намерен „удар“ за Меган Маркл.

Јас го гледам тоа како намерен знак на принцот Чарлс, изјави Данлан Ларкомб за Мирор.

Тој исто така објасни дека е убеден дека принцот Чарлс точно знае колку е чувствителна ситуацијата со неговиот помлад син и неговата сопруга.

Би бил многу изненаден ако принцот Чарлс не знае точно што прави, рече тој.