Фудбалската репрезентација на Македонија по извршеното тестирање за ковид-19 се стационира во хотелот и го имаше првиот собир пред историскиот натпревар против Грузија во Лигата на нациите.

Играчите полека се собираат на едно место, а од првичниот список отпадна голманот Даниел Божиновски од Силекс чиј тест излезе како позитивен. Атмосферата е на високо ниво, а играчите на Ангеловски се подготвени да испишат историја и да си го остварат сонот.