Вчера во Италија се сретнаа Наполи и Џенова, а тоа беше дуел на двајцата македонски фудбалери Елиф Елмас и Горан Пандев.

И Пандев и Елмас не беа стартери. Елмас во игра влезе после 20-тина минути на местото на Инсиње, додека Пандев доби шанса во вториот дел.

Дуелите на Пандев и Елмас се секогаш посебни и интересни за нас, но и за Италијанците. Се пишуваше за нивниот дуел и пред натпреварот, а после натпреварот се појави и една фотографија која најдобро се опишува со зборовите: Ученикот и учителот!

Македонската јавност во Елмас гледа вистински наследник на Гранде Пандев кој е во залезот од неговата белскава кариера.

спортски.мк