Мечот меѓу Астон Вила и Ливерпул, во рамките на ФА Купот донесе една апсурдна ситуација. Имено домашниот тим мораше на најсилниот тим во Англија, можеби и во Европа, да му се спротистави буквално со младинскиот тим. И тие деца воопшто не се посрамотија,имаа дури и 1:1 едно време, сепак на крајот Ливерпул славеше со 4:1.

Оваа фотографија најдобро отсликува против кого вчера тимот на Јирген Клоп, и тоа во најсилен состав, играше во ФА Купот. Дечиња, со копачките во раце и од стадион си заминуваат со минибус. Убава фудбалска приказа за долго сеќавање.