Продавниците, театрите и кината се очекува да бидат отворени до Божиќ!

Франција ќе започне да ги олеснува мерките наметнати поради коронавирусот. Продавници, театри и кина се очекува да бидат отворени до Божиќ, а луѓето ќе можат да ги поминат празниците со своите семејства.

Во телевизиско обраќање, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека поминало најлошото од вториот бран на епидемијата во Франција. Рестораните, кафулињата и баровите ќе останат затворени до 20 јануари за да се избегне трет бран.

„Кога се појавив на телевизија минатиот пат, ви реков дека може да се појави многу тешка ситуација. Ја избегнавме, благодарение на вас. Вашите напори се исплатија. Граѓанскиот дух ја покажува неговата сила и ефективност. „Ако на 15 декември имаме помалку од 5.000 заразени лица на ден и помалку од 3.000 лица на одделите за интензивна нега, ќе објавиме отстранување на повеќе мерки“, рече Макрон.