Француската агенција за лекови (ХАС) објави дека одобри употреба на вакцина против вирусот корона, што ја разви американската компанија Модерна, откако истото го стори и Европската агенција за лекови оваа недела, пренесува Ројтерс.

Европската комисија во средата издаде условно одобрение за пласман на вакцината против ковид-19, што го изработи американската фармацевтска компанија Модерна.

Ова е, по вакцината Пфајзер / Бионтек, втората вакцина ковид-19 одобрена во ЕУ, а Комисијата изјави дека ова одобрување следи по „позитивна научна препорака заснована врз темелна проценка на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на вакцината од страна на Европската агенција за лекови. „ и дека тоа беше поддржано од земјите-членки.