Француската тениска федерација (FFT) ќе издвои девет милиони евра за своите тенисери со финансиски проблеми поради пандемијата од коронавирус.

FFT обезбеди вкупно 35 милиони евра помош за клубови, турнири, играчи и тренери, а планот ќе стапи на сила на 3 јуни.

Од таа сума, 21 милиони се наменети за француските клубови, девет милиони се предвидени за тенисерите, а останатите пет милиони ќе одат на инструктори, судии и тренери кои не можеа да конкурираат за помош од француската влада.

Помош ќе добијат 39 тенисерки и 66 тенисери кои се рангирани надвор од Топ 100.

„Планот е финансиран од нашиот буџет“, изјави претседателот на FFT, Бернард Гиудичели, додавајќи дека Сојузот земал кредит кој го гарантира државата.

ATP не планира да продолжи да игра со турнирите до почетокот на август, додека WTA се надева повторно движење на календарот во Палермо на 20 јули.


Напишете коментар