ФРАНЦИЈА ШОКИРАНА! ПУБЛИКАТА ВЛЕЗЕ НА ТЕРЕНОТ-ПОЛИЦИЈАТА НЕМОЌНА!

Француската јавност е во шок откако беше откриено дека во неделата се одигра фудбалски натпревар, во близина на Стразбур, каде се собраа околу 400 гледачи.

Локалните клубови Нохоф и Австер го одиграа натпреварот, а фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи ги покажуваат навивачите како трчаат на теренот за да ги прослават головите.

Полицијата веднаш интервенирала, но тие не можеле да спречат да се игра натпреварот.

“Глупоста и неодговорноста може да доведат до катастрофална здравствена состојба во нашиот регион. Нова драма не е потребна од нашата област и медицинскиот персонал. Имаме видеа, ќе провериме сè и ќе има санкции”, изјави за француските медиуми заменик-градоначалникот на Стразбур, Серж Елер.

Натпреварот се одигра на стадионот „Пако Метео“, со кој управува спортската организација Кенигфофен.

Нејзиниот претседател Франсоа Маркад изјави дека стадионот е користен без одобрение.

„Она што се случи е апсолутно непростливо и неприфатливо. Јас сум во шок, ве уверувам дека никој од нашиот клуб не го одобри или охрабри овој собир“, рече Маркад.

Постои страв дека овој натпревар ќе предизвика нови случаи на инфекција со коронавирус.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *