Жак Огар, пензиониран француски полковник, открива дека пред четири години еден од судиите од Специјалниот суд во Хаг му рекол дека многу сведоци против ОВК се повлекле поради страв од одмазда, додека некои исчезнале, а други биле жртви на несреќи.

Се надевам дека тековната постапка во Хаг ќе заврши и дека судот, судиите и сведоците нема да бидат под политички притисок. Правдата мора да се дели на независен и непристрасен начин. Пред четири години, еден судија ми пријде и ми рече дека овие процеси треба да се одвиваат во Хаг наместо во Приштина од безбедносни причини, изјави Огар за Косово онлајн.

Пензионираниот француски полковник наведува дека судијата тогаш му рекол дека „некои сведоци исчезнаа, други беа жртви на несреќи, а други се повлекоа од страв од одмазда од ОВК“.

ОВК не се откажа од тероризмот и очигледно е дека оваа организација не сака овие судења да завршат со одудителни пресуди на нејзините водачи, особено на за Тачи. ОВК ќе стори се за да ги избегне казните што ги очекуваат сите чесни луѓе.

На прашањето дали тој лично би отишол во Хаг да сведочи, Огар одговори:

Што се однесува до мене, тогаш му укажав на судијата дека сум на располагање на судот ако судот има потреба од ммое сведочење.

Инаку, Главниот обвинител на Специјалното обвинителство во Хаг, Џек Смит, во писмото упатено до судијата на претходна постапка Никола Гију, ги наведува аргументите зошто поранешниот претседател на Косово и водачот на ОВК, Хашим Тачи, треба да биде уапсен.

Во писмото објавено на официјалната веб-страница на Специјалниот суд, Смит наведува дека постои страв дека поранешниот претседател на Косово може да избега по објавувањето на обвинението.