Полицијата во Берлин нареди да престанат протестите на противниците на мерките против пандемијата на коронавирусот поради непочитување на правилата за носење маски и одржување социјална дистанца, објави полицијата пред малку на Твитер.

За жал, не ни преостана ништо друго: на организаторите на протестот им ја соопштивме одлуката да го прекинат протестот бидејќи сите претходните предупредувања не резултираа со почитување на условите за одржување на протестот, соопшти полицијата преку Твитер.

Откако судот ја укина забраната за протести против мерките против ширење на пандемии од коронавирус, издадена од градот Берлин пред неколку дена, полицијата објави дека протестот ќе се толерира само доколку учесниците се придржуваат кон правилата за растојание и носење заштитни маски, што не беше случај.

Правилото за одржување на далечина, и покрај повеќекратното барање преку разгласот, не е исполнето, се вели во соопштението.

Претходно, полицијата го процени бројот на учесници на протестот на околу 18.000, иако од фотографиите се добива впечаток дека станува збор за поголема бројка протестанти!?

На протестот повикаа иницијативата „Квирденкен 711“ од Штутгарт, но и десничарската популистичка Алтернатива за Германија (АфД).


Напишете коментар