Каква вечер на МСВ арената во Дуисбург. Оваа генерација на македонски фудбалери на чело со легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев прават вистински чуда. По пласманот на Европското првенство во фудбал, за прв пат во македонската историја, вечерва ја поразија и германската репрезентација во фудбал.

Со головите на Горан Пандев во 45 минута и на Елиф Елмас во 85 минута нашата репрезентација ја постигна една од најголемите, ако не и најголемата победа во фудбал, по прогласувањето на македонската независност.

Германците го ублажија поразот со голот на играчот на Манчестер Сити и капитенот на репрезентацијата Гундоган од строго досудениот пенал.

И покрај наклонетоста на судијата кон домаќините, несуден пенал за Македонија поради очигледното играње со рака на Емре Џан, нашите играчи дадоа се од себе и победија во Дуибург.

Како викаат: Фудбалот е игра во секоја секогаш победуваат Германците, а ние би додале-се додека не дојдат да играат со Македонија.