Како на врата. Така, коронавирусот влегува во човечкото тело, а Скај њуз пренесува научни сознанија за тоа каде ковид-19 се стекнува со “пропусница” и како ја користи за да влезе во клетките на “домаќинот”.

Научниците ја открија структурата на ензимот наречен nsp16, кој коронавирусот го користи за да го измами имунолошкиот систем и да добие пристап до клетките на домаќинот, кои потоа ги “киднапира“ со цел да се размножи.

Разбирањето како функционира nsp16 може да доведе до нови антивирусни лекови за пациенти со ковид 19 со неутрализирање на ензимите кои му овозможуваат на вирусот да помине низ системот за безбедност на клетките.

Ензимот се користи за модифицирање на нешто што се нарекува „месинџер РНК кеп“.

Тоа е камуфлажа, рече д-р Јогеш Гупта од Универзитетот во Тексас, главен автор на студијата, објавена во списанието „Nature Communications“.

Поради модификациите, кои ќе ја измамат клетката, добиената вирусна РНК-порака се смета за дел од сопствениот код, а не како туѓа, наведува Гупта.

Разбирањето на структурата на ензимот може да им овозможи на истражувачите да развијат лекови – нови мали молекули што би спречиле nsp16 да направи какви било измени.

Имунолошкиот систем тогаш би го препознал инвазивниот вирус таков каков што е и може да го нападне.

Делото на Гупта ја откри 3Д структурата на клучниот ензим на коронавирус, потребен за негова репликација и во него пронајде џеб што може да биде искористен да го неутрализира тој ензим, рече коавторот на студијата, професор Роберт Хромас.

Ова е фундаментален напредок во разбирањето на вирусот”, додаде Хромас.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *