Физичко присуство или он-лајн настава? Тоа е дилемата која до денес ги мачеше дел од родителите. Дали да се остане дома за сметка на своето здравје или да се појде во училиште и да се ризикува здравјето за сметка на новото „нормално“ кое мораме да го живееме. До денес измина времето во кое родителите требаше да се изјаснат и да достават формулар дали нивните деца ќе следат настава од дома или физички ќе присуствуваат во училиштата.

Можност за избор имаа сите родители на децата од прво до трето одделение, како и родителите во оние општини каде Владата, односно Министерството за образование, одлучи дека се исполнуваат условите за настава со физичко присуство.

Една таква општина е општина Гевгелија, во која ќе се одвива комбинирана настава, како и настава со целосно физичко присуство.

„Безбедноста и здравјето на учениците и сите учесници во воспитно-образовниот процес се наш приоритет. Ние се подготвуваме за почеток на учебната година со почитување на протоколите за постапување при реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство.“ – беше објавено на фејсбук страната на Основното Училиште „Ристо Шуклев“ и беа објавени следните фотографии: