Францускиот тенисер Ришар Гаске застана во одбрана на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ по тоа што се случи на „Адрија Тур“ турнирот.

Турнирот во Задар беше прекинат, откако бугарскиот тенисер Григор Димитров беше позитивен на коронавирус, а подоцна се покажа и дека позитивни се Борна Чориќ, Виктор Троицки и уште неколку лица.

„Не, Ѓоковиќ не може да биде главен виновник, не тераше никого со пушка да му дадат дозвола за 5.000 луѓе на трибини. Власта тоа го дозволи. А повторно, и на еден голф-турнир во САД имавме позитивен случај, па турнирот продолжи. Мислам дека на сите ви е јасно дека влегуваме во нова ера, целосно поинаков свет од тоа во кој живеевме“, кажа Гаске.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *