Претседателот на италијанскиот прволигаш Наполи, Аурелио Де Лаурентис, е позитивен на Ковид-19, потврдија од клубот на македонскиот репезентативец Елиф Елмас.
„Наполи објавува дека претседателот Де Лаурентис е позитивен на Ковид-19 по тестирањето спроведено вчера“, се наведува во денешното соопштение.
Италијанските медиуми јавија дека Де Лаурентис синоќа бил на состанокот со сите калчолигаши, а утрово добил информација дека е позитивен на Ковид 19.
Не е исклучена можноста целиот тим на Наполи да оди во изолација.