Новоизбраниот градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ (27) рече дека секој има право на секаков избор, но додека тој е на чело на тој град, нема да се организира геј-парада, пренесува Кликс.ба.

  • Нека секој го прави она што го чувствува во длабочината на душата. Секој има право на секаков вид одлука . Мислам дека една геј парада е доволна во Сараево, за целата земја. Мислам дека е сосема доволно. Дај да завршиме со тоа . Мислам дека нема потреба од такви работи во Бања Лука, рече тој како гостин на ТВ Фејс со водителот Сенад Хаџифејзовиќ.

Тој смета дека тоа се вредности што не треба да се промовираат на овој начин на плоштадите.

Верувам дека никој во Бања Лука не е загрозен, од каква било одлука околу оваа тема . Ако некој сака да изрази таков став, до Сараево е три часа и тука има геј-парада секоја година. Ете ви го Белград, ете ви го Сараево, рече тој.