Водачите на ЕУ се состанаа на самитот во Брисел за да се обидат да се договорат за претстојниот седумгодишен буџет и фондот за обнова на ЕУ од кризата „Ковид-19“

Италијанските истражни органи предупредија дека мафијата ќе се обиде да добие стотици милијарди евра од фондот за обновување на ЕУ по пандемијата на вирусот корона.

Во време кога лидерите на ЕУ се собраа во Брисел да разговараат за висината и условите за добивање помош, генералот Џузепе Говернале, кој ја предводи италијанската агенција за борба против. мафијата (ДИА), рече дека мафијашите веќе правеле планови како да дојдат до тие пари.

Тој додаде дека тие планови вклучуваат корупција и злоупотреби на премногу бавната и неефикасна бирократија.

Говернале за телевизијата РАИ го спореди очекуваниот прилив на финансиска помош по пандемијата на коронарен вирус, што имаше уништувачки ефект врз европската економија, со големата обнова по Втората светска војна.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *