Во Франција растат полемиките околу отвореното писмо потпишано од поранешни припадници на армијата, во кое се предупредува на закана од граѓанска војна.

Група од 20 воени генерали во пензија потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат армијата да изврши воен удар и да го симне од власт претседателот Емануел Макрон.

Уште 80 поранешни високи офицери се приклучија на групата пензионирани генерали, што дополнително му дава тежина на отвореното писмо.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на Легијата на странците, една од најпознатите воени единици во светот.

Тој ги загуби своите почести како пензиониран генерал откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година.

Се наведува дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, не може да го запре распадот на земјата, што го спроведуваат исламистите.

Писмото е објавено во десниот магазин Валер актуел и отворено ја повикува армијата да изврши воен удар за да спречи граѓанска војна во Франција.

Писмото прво беше објавено на 21 април, на денот на 60-годишнината од неуспешниот пуч на генералите.

Часот е тежок, Франција е во опасност, сметаат потписниците.

Писмото беше остро осудено од владата на Макрон, споредувајќи го со неуспешниот воен удар што генералите го пробаа пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол.

Овие не се прифатливи активности, рече во понеделникот министерката за одбрана Флоренс Парли, додавајќи дека припадниците на воената служба го прекршиле законот со кој се бара да останат политички неутрални.

Секако, ќе има последици, рече Парли, додавајќи дека му наредила на началникот на ГШ да ги дисциплинира.

Тие се пензионирани и повеќе не се активни војници, тие немаат никаква функција и се претставуваат само себе си. Неутралноста и лојалноста се два принципа кои се клучни за секој војник. Политизацијата на армијата ќе ги ослаби нашите воени можности и ќе ја загрози Франција. Армијата не е во кампањата и таа е таму за да ја брани и заштити земјата, рече таа.