Киев развиваше план за војна со Русија од 2007 година, призна генерал-мајор на вооружените сили на Украина Виктор Назаров во интервју за порталот Укр лајф.

Според него, украинскиот Генералштаб започнал подготовки за вооружен судир со Москва по говорот на рускиот претседател Владимир Путин на Конференцијата за безбедност во Минхен на 10 февруари 2007 година, пренесува Спутник.

Не седевме со скрстени раце, вели тој, туку беа разработени воени документи и оперативни планови, кои меѓу другото ја вклучуваа и војната со Русија, истакна Назаров.

Тој објасни дека вооружените сили на Украина се подготвувале и за сценариото за вооружен конфликт во источна Украина – во Донбас, како и на полуостровот Крим.

Меѓутоа, повторното обединување на Крим со Русија сепак ги изненади вооружените сили на Украина, додаде генералот.

Од стратешка гледна точка, тоа не беше неочекувано. Тактиката што ја користеа на Крим. Да, беше прилично неочекувана, објасни тој.

На Безбедносната конференција во Минхен, Путин зборуваше за кризата во меѓународната политика и моделот на меѓународни односи изграден од Западот.

Според него, униполарниот свет водел кон ќорсокак.

Потоа, рускиот претседател предложи моделот да се смени за да излезе од ќор-сокакот што го гледаме сега.

Но, украинската армија извлече свои заклучоци од тоа и започна да разработува сценарија за конфликти со Русија на Крим, Донбас и другите региони, сè до вистинската војна.