Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово заедно со амбасадорката на Германија, Анке Холштајн присуствуваа на примопредавање на донација од страна на Министерството за надворешни работи на Германија за Поликлиниката во општина Шуто Оризари.

„Ова е една многу значајна донација. За сума од 16 илјади евра се набавува значајна опрема која ќе служи во Поликлиниката во Шуто Оризари и се зголемува пристапот и квалитетот на здравствена заштита на граѓаните, во делот на лична заштитна опрема, кислород, кислородни маски, се тоа што значи брз пристап до еден одреден дел од системот на здравствена заштита. Во оваа поликлиника имаат пристап граѓани од многу ранливи категории“, рече Филипче.

Во Поликлиниката формиран е Центар за брзи тестови за Ковид-19 и во континуитет има дежурна екипа составен од лекар, медицинска сестра и лабораторија којашто на граѓаните од овој регион им е на располагање 24 часа во денот.