Германија сака да купи до 30 милиони дози од руската вакцина Спутник 5 против Ковид 19, изјави премиерот на сојузната покраина Саксонија, Михаел Кречмер.

Ние сакаме да купиме 10 милиони дози Спутник 5 во три транши, во јуни, јули и август, рече Кречмар. Потребниот услов е одобрување од Европската агенција за лекови, додаде политичарот.

Федералната влада купува вакцина. На овој начин, ние ќе добиеме половина милион дози во Саксонија, нагласи Кречмар.

Тој додаде дека, кога вакцината ќе биде одобрена, регионот може да добие поголема количина. Тоа е уште една тула за забрзување на процесот на вакцинација во Германија, заклучи премиерот на Саксонија.

Претходно овој месец германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави дека Германија преговара со Русија за прелиминарен договор за набавка на вакцината Спутник 5.