Ерменскиот премиер Никол Пашинијан ја повика германската канцеларка Ангела Меркел за време на телефонскиот разговор да ја „спречи агресивната политика на Турција“ во регионот, беше објавено од неговиот кабинет.

Се наведува дека се разговарало за ескалација на конфликтот во Нагорно Карабах.

„Пашинијан посочи дека од почетокот на влошувањето на состојбата на ерменско-азербејџанската граница во јули, Турција покажа невидена активност во регионот. Тој ја повика германската канцеларка да вложи максимални напори да го запре агресивното и деструктивно однесување на Турција и да спречи нејзино учество во настаните во регионот. , беше посочено во соопштението, пренесува РИА Новости.

Меркел изрази длабока загриженост за ситуацијата и истакна дека нема алтернатива за мирно решавање на проблемот со Нагорно Карабах.