Германија ги заостри правилата во борбата против короната. Кој ќе го наруши карантинот повеќе пати, ќе биде затворен, меѓу другото, во мигрантски центри и болници,

Германските покраини размислуваат дека, во согласност со законот за заштита од болест, што беше донесен минатата година, ќе бидат приведени граѓани кои постојано ќе ги кршат епидемиолошките прописи и локдаунот, пишува германскиот „Дие Велт“. Како што е објаснето, на тој начин сакаат да го спречат ширењето на заразниот вид на вирусот корона, откриен во Велика Британија.

Прекршителите во источниот дел на германската покраина Саксонија ќе завршат во притвор како дел од кампот за мигранти што ќе се гради следната недела.

И Бранденбург подготвува сличен пристап, додека Шлезвиг-Холштајн предвиде дел од малолетнички притвор да се користи како затвор.

Според информациите на „Дие Велт“, во југозападната провинција Баден-Виртемберг, притворот, наводно, ќе биде во болничките соби.

Германија бележи зголемување на бројот на лица заразени со вирусот корона, а досега во таа земја починале повеќе од 47.000 луѓе.

Германските власти се загрижени затоа што Германците сега помалку го почитуваат карантинот отколку пролетта минатата година, пишуваат германските медиуми.

Актуелниот карантин во Германија треба да заврши на 31 јануари, но, според неофицијалните германски медиуми, Ангела Меркел најавила можност за продолжување на уште осум до 10 недели.