Со денешното знаење за вирусот, веќе не би ги затворале фризерски салони и продавниците, рече германскиот федерален министер за здравство Јенс Спан на почетокот на оваа недела, предизвикувајќи дебата во медиумите и на социјалните мрежи.

Министерот за здравство Јенс Спан (ЦДУ) истакна дека во март многу малку се знаело за вирусот, затоа биле донесени драстични одлуки.

Со други зборови, според денешните сознанинија, строгиот карантин не беше потребен во толку строга форма. А изјавата на министерот значи дека во Германија нема повеќе да бидат воведени строги карантински мерки, дури и ако бројот на заразени нагло се зголеми во текот на есента.

Тој исто така ја отфрли можноста за повторно воведување на целосна забрана за посета на домови за стари лица и изнемоштени лица.

Граѓаните научија „како можеме да се заштитиме без воведување на овие мерки“, рече министерот Спан. Тој исто така посочи дека маските се неопходни за заштита, но и одржувањето на дистанца и придржувањето кон хигиенските мерки.

Тој ги повика Германците да го поминат есенскиот и зимскиот одмор во Германија, бидејќи, како што рече, се покажа дека „одредени начини на патување и одмор носат ризици и инфекции во Германија”.

Стефан Гент од Сојузот на трговците, тоа го нарече добра вест и додаде: „Новата блокада и карантин, со затворањето на продавниците многу од трговците нема да можат финансиски да го преживеат. Ингрид Хеаргест од Германскиот Сојуз на хотелиери и угостители ја поздрави искреноста на министерот и додаде дека тоа што важи за трговците и фризерите треба да важи и за хотелите и за рестораните.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *