Русија постигна договор со шест африкански лидери да ги изгради своите бази на териториите на нивните земји, објави германскиот „Билд“.

Според медиумите, до овој момент Русија спроведува воена соработка со 21 африкански земји.

Германските медиуми дојдоа до тајниот документ од канцеларијата на Министерството за надворешни работи. Според документот, Русија веќе 5 години активно гради воени „контакти“ во Африка. Неодамна, за време на преговорите, Москва доби дозвола да отвори свои воени бази во Централноафриканската Република, Египет, Еритреја, Мадагаскар, Мозамбик и Судан.

Според извештаите на медиумите, руските воени експерти активно обучуваат војници од овие земји со кои Москва има одлична воена соработка. Билд исто така известува дека, покрај редовните воени трупи, во овие земји се активни и приватни воени компании како што е групата Вагнер.

Аналитичарите ја обвинуваат Москва дека им дозволува на „диктаторите“ да останат на власт и да спречат евентуална револуција, а за возврат добиваат поддршка во Обединетите нации.


Напишете коментар