Во вторникот словенечкиот премиер Јанез Јанша испрати писмо до лидерите на ЕУ во кое повика на компромис за брзо потврдување на буџетот на Унијата и се изјасни против распределбата на европските средства .

Janez Janša

Писмото беше упатено до претседателот на Советот на ЕУ, Чарлс Мичел и претседателката на Европската комисија Урсула Лајен како и до германската канцеларка Ангела Меркел, бидејќи Германија во моментот претседава со ЕУ. Јанша наведува дека сега, кога постои закана од блокада заради владеењето на правото во Полска и Унгарија, потребно е да се вратиме на почитување на претходниот договор за буџет и да се запре да се гледа со резерва на помалите држави .

Според словенечките медиуми чии дописници во Брисел имале увид во содржината на писмото, Јанша во него тврди дека неодамнешниот договор меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент за условување на употребата на европските фондови со почитување на владеењето на правото ја загрозува конечната потврда на буџетот. Овој принцип на распределба на буџетот е катастрофален , ние работиме за вас и за нас . Ова е модерен грабеж во кој што помалите држави ќе ги носиме последиците.

Јанша наведува дека компромисот, за чие достигнување следните денови се клучни, мора да биде фер и избалансиран.

Тој нагласи дека доколку европските земји продолжат со овој пристап не и се пишува добро на унијата .