Косовскиот премиер Албин Курти рече дека неговата влада не може да побара гаранција за поранешните водачи на ОВК, на кои им се суди во Хаг, бидејќи како што тој вели „не и се суди на државата“.

Курти со изјавата дека судењето во Хаг е „правна постапка и дека државата не е на суд“ објасни зошто тој не може да бара гаранции од Хрватска.

Што се однесува до продолжувањето на дијалогот со српската страна, Курти рече дека треба да се одржи средба со опозициските партии пред почетокот на состанокот во рамките на тој дијалог и најави дека тоа ќе го стори во текот на овој месец.

Ќе имаме работна вечера со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел на 18 мај и ќе можам да зборувам за темите на разговор само кога двете страни ќе се договорат за дневниот ред, рече Курти.

Во понатамошниот разговор, тој рече дека косовската Влада има обврска да покрене тужба против Србија за геноцидот извршен врз косовското население, но дека не го знае точниот датум кога тоа ќе се случи, затоа што се потребни големи подготовки за поднесување на тужбата.