Од сите земји кои се обидуваат да се мешаат во изборите во САД, Кина има најголема програма и има најактивна улога во тоа, изјави американскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан.

Знаеме дека Кинезите играат најактивна улога, рече О’Брајан на брифингот со новинарите.

Американските разузнавачки служби открија дека Русија водела сајбер кампања за да го сврти резултатот од изборите во 2016 година во корист на републиканецот Доналд Трамп, а имаше извештаи дека хакери може да се обидат да влијаат и на претседателските избори во 2020 година. Москва негираше какво било мешање во изборите во 2016 година.

На Кинезите, Русите, Иранците и другите, кои не се објавени, им ставивме многу јасно до знаење дека секој што ќе се обиде да влијае на изборите во САД ќе мора да се соочи со страшни последици, рече О’Брајан.

Според него, во текот на август разузнавачките служби на САД откриле дека кинески хакери ја напаѓаат изборната инфраструктура на Америка.

Кина упорно ги негираше тврдењата на американската влада за хакирање на американски компании, политичари или владини агенции.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *