Сириските платеници се повлекоа од спорниот регион Нагорно Карабах, каде жестоко се бореа на страната на Азербејџан, објави на 15 декември Сирискиот центар за набљудување на човековите права (SOHR).

Турција испрати сириски платеници во Нагорно Карабах да го поддржат нападот на Азербејџан врз ерменските сили во регионот. Нападот, кој започна на 27 септември, заврши на 9 ноември со мировен договор со посредство на Русија.

Според SOHR, последната серија сириски платеници се вратиле во Сирија од Нагорно Карабах пред неколку дена. Околу 800 сè уште беа во регионот пред конечното повлекување.

Бројот на платеници пренесени од турската влада во Азербејџан достигна 2.580 борци, од кои 514 беа убиени, а други заробени – се наведува во извештајот на групата за набљудување.

Во меѓувреме, судбината на 240 борци остана непозната до денес, додека другите по завршувањето на нивната мисија се вратија во Сирија, бидејќи азербејџанската влада одби да ги задржи во Азербејџан.

На сириските платеници им беше ветена месечна плата до 2.000 американски долари. Сепак, SOHR рече дека на платениците досега им се исплатени вкупно од 1.000 до 3.500 американски долари.

Повеќето борбени сириски платеници беа распоредени на најтешките линии на фронтот Нагорно Карабах, каде азербејџанските сили ги користеа како „топовско месо“.

Турција планираше да ги насели платениците и нивните семејства во Нагорно Карабах со цел да воспостави трајно влијание во регионот. Сепак, Азербејџан го отфрли планот и инсистираше сите платеници да се вратат во Сирија.

Повлекувањето на сириските платеници, од кои многумина наводно се радикални терористи, ќе помогне во стабилизирање на Нагорно Карабах и ќе го олесни враќањето на бегалците.