На последното тестирање комплетната машка ракометна репрезентација на Македонија има негативни резултати и составот предводен од селекторот Данило Брестовац е подготвен да патува за Египет доколку следи повикот од ИХФ за пополнување на евентуално упразнето место доколку некоја од селекциите не може да настапи на Светското првенство.

До евентуалниот повик од Египет, македонските ракометари ќе бидат во карантин, а дали ќе бидеме дел од Мундијалот останува да се почека до утре.

Во моментов неколку селекции кои се дел од шампионатот имаат проблем со позитивни резултати на инфекција со коронавирусот. Селекцијата на САД има дури 18 позитивни играчи, Зеленортските острови имаат седум, а независна ситуација се и репрезентациите на Шведска и Чешка кои до последен момент го пролонгираат заминувањето за Египет.