Директорот на американскиот национален институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи изјави дека вакцината против вирусот корона може да биде достапна во октомври, но дека шансите се поголеми дека тоа ќе се случи еден месец подоцна.

Тој рече дека е сосема разбирливо лекот против Ковид 19 да биде одобрен во октомври, објави „Гардијан“.

Најверојатно во ноември, но постои можност тој да биде порано – додаде Фаучи.

Третата фаза од клиничките испитувања на вакцината против коронавирус во Соединетите држави започна денес во Националниот институт за здравство (NIH).

Оваа фаза е најголема досега затоа што во неа ќе учествуваат 30.000 волонтери. Сепак, сè уште нема гаранција дека некоја од потенцијалните вакцини ќе биде ефикасна.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *