Најпознатиот албански лобист, Конгресменот Елиот Енгел го загуби своето место во Конгресот, а со тоа и позицијата претседател на Комисијата за надворешни односи. Тој беше поразен од Џамал Бауман на внатрешните избори на Демократската партија во дистриктот Њујорк.

Елиот Енгел беше член на Конгрес на САД точно 31 година, и тој беше скоро исто толку еден од најсилните албански лобисти во американската администрација. Тој ја искористи својата политичка функција и влијание за да може да ги протурка сите албански планови.

Косовските Албанци имаа голем сојузник во Енгел и лобист кој работеше за нив повеќе од две децении. Тој од почетокот беше дел од лобистите на Косово во Сенатот и Конгресот и може да се каже дека е еден од последните жестоки албански јастреби во нивната администрација. Неговиот пораз во партијата автоматски значи дека од ноември тој повеќе нема да биде претседател на Комисијата за надворешни односи, а тоа би значело сериозен удар за косовските позиции во Вашингтон.

Енгел преживеал на таа позиција долго време затоа што досега немал ниту вистински против кандидат во партијата, а Боуман го победи со скоро 63 отсто поддршка.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *