Српскиот епидемиолог др. Предраг Кон во емисијата „Преглед на денот“ рече дека до јуни во Србија имало дури три пати повеќе смртни случаи од ковид-19 отколку што било пријавено во писмените извештаи, пишува Нова.рс.

Смртните случаи не можат точно да се прикажат, а тоа веќе го објаснив, доколку не помине одреден период. Дури за два месеци се враќаат назад, податоците внесени во таканаречената потврда за смрт. Потврдата е дел од образецот во согласност со законот, рече Кон.

Според податоците објавени од БИРН на крајот на јуни, 632 пациенти починале од коронавирус во Србија од 19 март до 1 јуни 2020 година, што е за 388 повеќе од официјално објавениот број за тој период, кој изнесува 244 починати. БИРН своето истражување го објави откако добиле увид во податоците што се дел од официјалниот државен информативен систем Ковид-19.

Кон, пак, посочува дека ги обработувал податоците до јуни.

До јуни имаше три пати повеќе смртни случаи отколку што беше пријавено во писмена форма, рече Кон, додавајќи дека за тоа е виновна компјутерска програма.

За прв пат користиме еден информатички систем. Тој не беше доволно прецизен во еден момент и, не знам зошто, некаде во средината на јуни, тој не беше прецизен. Никогаш не сме работеле според тој систем, никогаш порано не сме имале таков надзор. Инаку, имаме нешто сосема друго, нешто што работи редовно, рече Кон, додавајќи дека тоа не беше можно да се користи поради масовноста.

Испитувањето на минатите случаи, вели тој, не било внатрешна контрола, туку негова „лична работа“.