Рим, Венеција, Фиренца, Торино и Милано, кои заедно сочинуваат повеќе од една третина од италијанскиот туризам, ќе останат без скоро 34 милиони туристи од странство поради пандемијата.

Проценето е дека ова ќе предизвика загуба од седум милијарди евра, од кои 4,9 милијарди се однесуваат на секторот за сместување, угостителство и деловно-услужни услуги, тврдат од здружението Конфесерценти.

Во Венеција, која е меѓу најбараните дестинации во светот, се очекува загуба од 13,2 милиони посетители, односно три милијарди евра во туристички трошоци.

Следува Рим, кој се проценува дека ќе остане без 10 милиони странски туристи оваа година, како и 2,3 милијарди евра, а потоа и Фиренца, која ќе биде без пет милиони посетители од странство и 1,2 милијарди евра потрошувачка.

Како што е наведено, Милано ќе изгуби четири милиони туристи и нивната потрошувачка од околу 900 милиони евра, а Торино ќе се соочи со пад на бројот на посетители за повеќе од 800.000, како и за 186 милиони евра помалку во туристички трошоци.

Градовите на културата и уметноста во Италија, кои во голема мера зависат од меѓународниот туризам, претежно се без посетители заради пандемијата и рестриктивните мерки, а домашните туристи претпочитаат да изберат помали крајбрежни места, села и планини.


Напишете коментар