Експертите за климатски промени веруваат дека глечерот Твејтс, во Западен Антарктик е еден од најранливите, но и најважните глечери во светот кога станува збор за нивото на морето во иднина.

Експертите предупредуваат дека поради климатските промени и глобалното затоплување, постои можност само неговото топење да го подигне нивото на морето на светско ниво за половина метар. Сепак, топењето на Твејтс би влијаело и на ослободување на други ледени маси во Западен Антарктик, што заедно би влијаеле на порастот на нивото на морето за два до три метри.

Доколку се случи ова, последиците би биле катастрофални. Од таа причина, експертите ги нарекоа Твејтс „Глечер за крајот на светот“.

На почетокот на годината, научниците за прв пат испитале присуство на топла вода на важни точки на глечерот, што треба да ја објасни причината за неговото распаѓање.

Твејтс зафаќа површина од околу 119.090 квадратни километри, што е приближно со големината на Велика Британија. Топењето на мразот од Твејтс и прелевањето во Амундсеновото море сочинува четири проценти од глобалното покачување на морското ниво, но научниците предупредуваат дека понатамошното покачување на температурите во светот ќе го наруши балансот.

Едно од најголемите прашања е колку наскоро Твејтс ќе стане нестабилен. Ми се чини дека сме на работ. Тоа е клучот за останатите глечери во Западен Антарктик. Ако го отстраните, другите ледени маси, исто така, ќе почнат да се топат – рече директорот на програмата што се занимава со глечерите на Антарктикот, Пол Катлер. Роб Лартер, главниот истражувач за проектот глечерите Твејтс за време на британската експедиција на Антарктикот, додаде дека местото е „најранливото на Антарктикот“. Антарктикот содржи 90 проценти од вкупниот мраз на планетата, а за разлика од Арктикот, најголем дел од мразот се наоѓа на копно. Просечната дебелина на мразот е околу 2,5 километри, но на некои места е околу 4,8 километри.


Напишете коментар