Полицијата во Соединетите држави започна истрага откако филм за возрасни беше прикажан во живо на телевизија за време на временската прогноза.

Имено, филмот одеше во позадина на екранот, зад водителката на програмата додека таа се обидуваше да ја пренесе веста за временската прогноза.

Во моментот кога водителката Мишел Бос им порача на гледачите дека „убавото време не може да трае вечно“, зад неа започна филм кој ги остави сите гледачи во чудо.

Сцени од филмот се прикажуваа околу десет секунди, на што водителот не обрнуваше внимание.

Полицијата потоа доби стотици повици од граѓани, па започна истрага.