Познатата американска глумица Дон Велс почина вчера како последица од Ковид-19 на 82-годишна возраст.

Велс е позната актерка од 1960-тите во САД. Нејзини позначајни улоги се оние во хумористичната серија „Gilligan’s Island” (Островот на Гилиган), „The Roaring 20s, „77 Sunset Strip“, „Maverick“, „Bonanza“, „The Joey Bishop Show”, „The Cheyenne Show”, како и во филмовите „Palm Springs Weekend” и „The New Interns”.

Нејзините последни улоги беа во детската серија „The Epic Tales of Captain Underpants” и драмата „Kaplan’s Korner“.