На социјалните мрежи се појави шокантно видео од Австралија, на кое се гледа како чувар задави тинејџер додека не ја изгуби свеста, по што паѓа и ја удира главата на подот. Ова е уште еден во низата примери на бруталност поради заштитните маски за ковид-19.

Инцидентот се случил на 14 ноември во хотелот Дорсет гарденс во Мелбурн, но стана вирален само оваа недела, по што беше објавен од голем број медиуми.

На видеото се гледа како еден тинејџер е фатен и влечен од обезбедувањето, држејќи го вратот пред да ја изгуби свеста, а неговото тело паѓа на подот.

Потоа чуварот го фаќа за кошулата и го фрла низ вратата, пренесува News.com.au.