Поранешниот член на фудбалската академија на Манчестер Сити, Џереми Вистен ненадејно починал во 18. година од животот, објавија денеска британските медиуми.

Причините за смртта уште не се објавени, но се шпекулира дека Вистен бил несреќен затоа што добил отказ од Сити и одлучил да си го одземе животот. Тој бил член на овој клуб од својата 13. година и многумина го сметале за еден од неговите најголеми таленти. Сепак, тренерите процениле дека не се развивал како што се очекувало и не му бил понуден професионален договор, а со тоа морал да си замине од Сити.

Наводно, тоа му дошло многу тешко, паднал во депресија и на крајот се убил иако ова уште не е потврдена верзија.