Hašim Tači

Нудиме награда од 10.000 евра за секој пратеник што ќе ни донесе нов извештај или докази со кои ќе можеме да имаме подобра одбрана, изјави Том Гаши, адвокатот на Хашим Тачи.

Тој ги обвини пратениците во косовското собрание дека никогаш не го читале извештајот на Клинт Вилијамсон, пренесува порталот Репортер.

„Извештајот што ги прати Тачи и другите кои се сега во затвор не е извештај на Дик Марти, тој е извештај на Клинт Вилијамсон, кој нашите пратеници никогаш не го прочитале. Јас тој иузвештај веќе го доставив во Хаг, вели Гаши” и додава:

Секој што прочитал и кој има некој нов извештај или нови докази, нека ги донесе утре во мојата канцеларија во Приштина. Ние му нудиме награда од десет илјади евра. Но, не по пошта, туку лично да ми ги достави”, рече Гаши.

Hašim Tači

Вилијамсон е главен обвинител на Специјалниот тим на Европската унија за злосторства на Косово од 1999 година, формиран по извештајот на поранешниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти.

Пред шест години, Вилијамсон тврдеше дека не најде докази за покренување обвинение за трговија со човечки органи и жолтата куќа, но потоа се покажа дека врз база на најдените докази се покренаа обвиненија за други кривични дела.