Си-Би-Ес Њуз известува дека членовите на кабинетот на Трамп ја разгледуваат можноста за примена на 25-тиот амандман на Уставот на САД, со кој се регулира „смената“ на сегашниот претседател на САД од функцијата.

Членовите на кабинетот на Трамп ја разгледуваат можноста за примена на 25-тиот амандман за смена на претседателот Трамп. Досега тие официјално не му презентираа ништо на потпретседателот Пенс, но во тек е дискусија за таа можност, јави репортерката Маргарет Бренан.

Дека разгледа можноста за спроведување на 25-тиот амандман, известува и Си-Ен-Ен, наведувајќи дека четворица високи републиканци побарале таква опција, а други двајца сметаат дека Трамп треба да биде отповикан со забрзан „импичмент“.

„Ние мора да го отстраниме“, беше јасен еден од нив.

Во случај на „импичмент“, Трамп би бил спречен да се кандидира за која било јавна функција доживотно, што би ги попречило неговите наводни планови да се обиде да се врати во Белата куќа за четири години. Во случај да се спроведе 25-тиот амандман, процедурата за почеток бара согласност од мнозинството членови на кабинетот на Трамп.