Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски имаше зад себе извонредна сезона во дресот на ЧСМ Букурешт и сосема заслужено се најде во дрим-тимот на романскиот шампионат. Во изборот организиран од страна на „Про Спорт“, во кој гласаа 14-те тренери од романскиот шампионат, Георгиевски беше избран за најдобро десно крило во оваа лига. Македонецот освои четири гласа, еден повеќе од Михалчеа од Стеауа и од Талмаиер од Потаиса.

Покрај Георгиевски, место во идеалниот тим има и за голманот Сејад Хиедарирад од Динамо Букурешт, левото крило Милан Котрч од Баја Маре, најдобар лев бек е Анте Кудуз од Динамо, среден бек Камел Алуини од Динамо, додека десниот бек е член на Темишвар – Мариус Садовеак. Листата ја комплетира пивотот на Стеауа, Немања Грбовиќ. За МВП на лигата е прогласен Хрватот Анте Кудуз.

Гоце Георгиевски се уште е во дилема дали да го продолжи престојот во Романија или да се врати назад на македонската ракометна сцена, каде веќе доби понуди од Металург и од Вардар.


Напишете коментар