Еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, Николо Заниоло деновиве е во центарот на вниманието на јавноста, но не поради добрите игри во дресот на Рома туку поради случувањата надвор од зелениот терен.

Младиот Николо веќе подолго време се рехабилитира од повредата на лигаментите на коленото, сезонава се уште нема настап за својот тим, но дефинитовно е многу активен надвор од теренот.

Во моментов во медиумите Николо е застапен поради својата врска со романската манекенка и актерка Мадалина Генеа.

Манекенката од Романија која е 12 години повозрасна од Николо важи како една од нјаубавите жени на светот, таа е мајка на 4 годишно девојченце, а во минатото била во врска со големите заводници, фудбалерот Марко Бориело и актерот Џерард Батлер.

За врската меѓу Николо и Генеа пишуваат повеќе таблоиди во Италија, но и сериозни весници како Газета.

Засега Николо и Мандалина не се огласуваат за да ја потврдат нивната врска.