Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, изнесе во јавноста шокантни информации за начинот на неговата исхрана. Во последните една и пол година Ѓоковиќ во својата исхрана го користи моделот на т.н. автофагија.

Според сопствената исповед, Новак Ѓоковиќ во последните 18 месеци го применува процесот на автофагија, што се карактеризира со тоа што не јаде 16 часа, а потоа во периодот од 8 може да конзумира храна.

Јас го применувам тој начин на исхрана, и се чуствувам многу добро, истакна Ѓоковиќ. Како резултат на тој нов начин на исхрана имам многу подобрувања во дигестивниот систем, подобро спијам, имам повеќе енергија во текот на денот, а имам и многу помалку енергетски падови рече Ѓоковиќ.

Што е автофагија? Ако 12 часа не внесуваме ништо во нашиот организам, нашиот мозок гледа каде може да најде резерва. Потоа тој наоѓа микроорганизам, патогена бактерија и ја уништува и рециклира, потоа наоѓа мутирана клетка и тој прави дополнителна енергија од распаднатите материјали, така што имаме дополнително гориво, затоа што имавме клетки и структури кои биле нефункционални, а тој ја зема таа ќелија за да создаде нови. млади, здрави клетки. Доколку ручаме во 2 или 3 часот попладне, во 2 до 3 часот по полноќ се активира автофагија и ќе го исчисти нашиот организам од микроорганизми, атеросклеротични наслаги на ѕидовите на крвните садови, од малигни клетки. Тоа ќе го исчисти нашето тело и ќе подготви гориво за следниот ден, но мора да трае од 12 до 16 часа.

За многумина ова може да звучи многу чудно, дури и за неверување, бидејќи сепак станува збор за врвен спортист на кого му треба огромен извор на енергија, но очигледно Ѓоковиќ таа енергија Ѓоковиќ ја добива преку значително намалени оброци.


Напишете коментар